Бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, познат по својата негација на македонскиот идентитет, нарачал истражување на јавното мислење во Бугарија во однос на Македонија и го добил тоа што го барал.
Резултатите што ги објавува порталот мкд.мк покажуваат дека добро познатите стереотипи на релацијата Македонија – Бугарија се сеуште исклучително силни што на социјалистичкиот европратеникот ќе му даде уште поголема сила да ја продолжи антимакедонската политика во Брисел.
На премиерот Борисов извесно е дека анкетата ќе му предизвика проблеми при потпишувањето на договорот за добрососедство во Македонија најавен за Илинден.