Бојко Борисов не сака да биде премиер

 

Тој денеска им соопшти на партиските функционери дека одбива да биде кандидат за премиер на ГЕРБ – победничката партија на последните предвремени избори.



„Јас повеќе не сум ваш кандидат!“, истакна Борисов на брифинг во седиштето на партијата, пренесоа бугарски медиуми.

Лидерот на ГЕРБ изјави дека ова го прави со големо олеснување, и со големо нетрпение очекува да види кој ќе биде кандидат за премиер на “Продолжуваме со промената – Демокатска Бугарија“ (ПП-ДБ) втората по големнина парламентарна група во бугарскиот парламент.

Борисов вели дека кога ГЕРБ како прва политичка сила, ќе го добие мандатот тој веднаш ќе го врати, а „преостанатите два мандата – вториот и третиот“ не го интересираат.