Борисов среќен по исходот на локалните во Македонија

Бугарскиот премиер му порача на македонскиот колега Зоран Заев дека треба да се гледа напред зашто „твоите сонародници го потврдија тоа“ по објавувањето на резултатите од локалните избори , пренесоа бугарски медиуми.



Во телефонски разговор, Бојко Борисов честитал, порачал и оценил дека резултатите од спроведените локални избори во Република Македонија се „доказ за одобрување на политиката на вашата Влада – на политиката на добрососедство, на дијалог и разбирање, во основата на која се европските вредности“.

Бугарската владината прес служба, го потврди разговорот, пренесуваат бугарски медиуми.

„Решивме да гледаме напред и вашите сонародници го потврдија овој избор. Сигурен сум дека резултатите нема да доцнат “, го пренесуваат бугарски медиуми одушевувањето на бугарскиот премиер.

Според Борисов, позитивните сигнали „емитувани“ и кон народот на Република Македонија и кон меѓународната заедница, потпишани на почетокот на август со Договорот за добрососедство со Бугарија е голем чекор на патот кон перцепција на Република Македонија како сериозен партнер на НАТО и Европската унија.