Борисов: Сите работеа за договор со Македонија, но ние го направивме

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешниот Конгрес на неговата партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) си ги припиша заслугите за склучениот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија.



„Велат, сите ние работевме за договорот со Македонија. Сите сте работеле, но ние го направивме. Ако беше лесно, да го цитирам колегата Валери Симеонов (вицепремиер и лидер на Национален фронт за спас на Бугарија – н.з.), ќе го направеа“, рече лидерот на ГЕРБ на 4. Конгрес на владејачката партија во Бугарија, на кој беше реизбран за претседател, обраќајќи ѝ се на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП).