Борисов: Не сум ни монах ни светец, сум имал многу жени!

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги вџаши новинарите со деталите за својот приватен живот, испровоциран од споменувањето на неговата поранешна пријателка, банкарката Цветелина Бориславова.



„Јас не сум монах, во животот сум имал жени. Само вие претпоставувам дека сте со по еден (партнер), додека јас не сум светец во тој поглед. Треба ли секоја жена што поминала низ мојот живот потоа да ја веат како бајрак и да објаснуваат дека ќе треба да ја проверуваат“, рече Борисов и порача да ја проверуваат колку што сакаат.

„Тоа беше пред 6-7-8-9 години и јас дури сум и загрижен за некои свои соученички, бидејќи се знае дека тогаш сме биле многу блиски. Не знам каде се тие сега, но почнувам да се грижам. Ако почнеме да се занимаваме со тоа кој со кого и да му го проверуваме животот во моментов, звучи…“, дополни тој.