Борисов: Без наша и поддршка од Грција, РСМ нема шанси за ЕУ

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов бара од македонскиот премиер Христијан Мицкоски да се почитуваат меѓународните договори кои се дел од преговарачката рамка на ЕУ.



Борисов за бугарските медиуми вели дека ќе иницира средба со Мицкоски.

„Договорите, особено меѓународните и вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат“ рече Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, објави БГНЕС.

„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ немаат шанси за (влез во) ЕУ. Сега треба да бидат одговорни.

Како што ја добија нашата поддршка, можат и да не сметаат на неа“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.