Борел: Украина ќе капитулира за две недели ако не добие оружје

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека без западните испораки на оружје за Киев, конфликтот во Украина „ќе заврши за две недели“.



„Постоењето на Украина зависи од нас. Знам како да ја завршам војната во Украина. Ова може да се направи за неколку недели – само престанете да ги снабдувате. Ако снабдувањето со оружје престане, тогаш Украина нема да може да се спротивстави и ќе биде принудена да се предаде, а војната ќе заврши“, рече тој, држејќи предавање во Обединетото Кралство.

Тој реторички праша: „Дали тие го сакаат ова во Европа? Дали сакаме војната да заврши вака? Не сакаме, а се надевам дека тоа не го сакаат ни многумина во Европа“, рече шефот на европската дипломатија.