„Бомба“ на Барди во победата со пресврт на Трабзонспор (ВИДЕО)

Енис Барди со топовски удар во мрежата на Газиантеп ги најави пресвртот и победата на Трабзонспор од 4:2 на домашен терен во 34. коло од турската фудбалска Суперлига.



Македонскиот репрезентативец во 65. минута израмни на 2:2, анулирајќи го водството на гостите од 2:0 на полувремето.

За 28-годишниот играч за врска ова е шести гол во 31. првенствен настап за Трабзонспор сезонава, со што го израмни ефектот од минатата сезона во дресот на моментно третопласираниот тим во елитната конкренција во Турција.