Атлетската супер ѕвезда се забавувала до раните утрински часови пред последното натпреварување на СП каде му се случи пад во штафетата 4 пати по 100 метри, што и него, и Јамајка ги чинеше медали. Усаин Болт патем консумирал солидно количество рум и коњак на само 16 часа пред излегување на патеката.
Англискиот „Сан“ објави видео клип во кој се гледа како легендата се забавува со девојки и е разигран на подиумот, ноќта пред финалето на штафетата и на својата кариера.


„Тој се поздравуваше со сите на забавата и беше доста добро расположен кон жените. Дури го видов и како се бакнува со една од девојките. Остана на забавата до 6 часот наутро“ раскажува гостин на истата.
Забавата инаку била во чест на починатиот јамајкански скокач во височина Џермејн Мејсон, кој беше пријател на Болт од детството.
https://youtu.be/XNP0Jrm6zc8





