Градското собрание на Лос Анџелес вчера и ноќеска беше осветлено во македонска комбинација со црвена и жолта боја во знак на почит и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.
Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изрази жалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина
Илуминацијата со боите на македонското знаме трае од 0:00 часот по локално време, па се до утрово во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.
Макеоднија и Лос Анџелес се со 8 часа временска разлика.
Информацијата беше споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес.

Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува жалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.
,,Изразуваме длабока солидарност со луѓето од Кочани, со глобалната Македонска заедница и со сите погодени додека продолжуваме да жалиме за оваа срцекршачка загуба.
Оваа трогателна почит на тримесечната годишнина ќе биде потсетник дека, дури и преку океаните, нашето единство и сочувство остануваат непоколебливи. Нашите срца се со секое засегнато семејство и им оддаваме почит на оние што ги изгубивме со светлина, љубов и сеќавање.

Искрено им се заблагодаруваме на советникот Сото-Мартинез од Дистрикт 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за солидарноста со македонскиот народ”, стои во благодарноста за хуманата поддршка од Лос Анџелес.
На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.






