Чеитирите синови на еден од најбогатите Македонци во дијаспората од минатата недела станаа македонски државјани.
Том, Ник, Џон Џуниор, и Јордан се синови на Џон Битов филантроп и голем помагател на Македонија од независноста до својата смрт во август 2015 година.
Минатата недела од страна на генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Јовица Палашевски тие добиле македонски пасоши.
Според Обединетата Македонска Дијаспора од САД која што Битов и неговите наследници ја помагаат со години тие „следејќи го неговиот пат , предводени од ентузијазмот за Македонија кои го наследиле од својот татко продолжуваат неговата работа за Македонија и гордоста кон своето македонско потекло да ја пренесуваат на идните генерации“.
Јордан Битов е почесен Конзул за Република Македонија во Торонто, а Џон Битов Јуниор служи на Одборот на директори на организацијата „Македонија 2025“ и е активно вклучен во унапредување на економијата во Македонија.
Џон Битов постариот е роден во Торонто Канада во 1928 година од родители родени од село Габреш, Егејска Македониај сега Република Грција.
Од помошник во месарницата на неговиот татко Битов стана еден од најбогатите луѓе во Канада но никогаш не го заборави своето потекло и постојано, финансиски и политички и помагаше на Македонија во обидите за меѓународно промовирање како и во дипломатските напори за признавање.
Се смета за еден од творците на канадското признавање на Македонија под уставното име но ниту тој ниту неговото семејстно никогаш не проговори за оваа дипломатска операција која беше од исклучително значење за Македонија пред самитот на НАТО во 2008 година.
Доделувањето на македонските пасоши на синовите на Битов сениор од страна на Грција се претвори во уште една тензија откако Атина виде дека пасошите ги издал генералниот конзул во Канада Јовица Палашовски.
Палашоски предходно откако Грција се пожали дека говорел пред мапа на географска Македонија, беше вратен во земјава на консултации што за Атина беше знак дека Скопје се откажува од својот иредентизам.
Со враќањето на Палашоски во Торонто Грција смета дека Македонија повторно провоцира.





