Бобан ,,Авалон”: Ако тоа го врати брат ми, би се заменил со него на ,,оној свет”

Сопственикот на ,,Авалон” продукцијата Бобан Милошески со трогателна порака на денот на смртта на неговиот брат.



Една деценија откако го загуби неговиот брат тој порачува дека ако тоа го врати брат му, би се заменил со него на ,,оној свет”.

,,Поминаа точно 10 години од кога Данче на овој свет реши да му даде мат.

Со тоа, и на сите нас кои го сакаме.

Додека го пишувам ова, размислувам.

10 години се долг период и не да не поминаа како за трен, како останатото во животот во тој период, туку траат како најлош можен сон.

И се’ е навидум исто денес, а ништо исто не е.

Единствено мојата спремност и желба да го заменам местото со него, ако тоа би го вратило, без секунда двоумење и размислување се исти, константни и секојдневно тука.
И тоа ќе биде засекогаш исто.

Не, друго воопшто ништо исто не е.

За жал, во партијата шах наречена живот тој потег не постои.

Можеш само да ја растуриш партијата”, пишува Бобан Милошески во емотивната порака во врска со неговиот брат.

Даниел Милошевски, како еден од сопствениците на „Авалон продукција“, со неговиот брат Бобан се меѓу најуспешните продуценти на Балканот кои ги организираа најголемите концерти на македонските, екс-ју и светски ѕвезди на овие простори, меѓу кои концертот на Боб Дилан, Лени Кравиц, Брајан Фери, Били Ајдол, како и последниот настап на Еми Вајнхаус во Белград.

Фото: ФБ профил Бобан Милошески