Застој на грчката граница кај Евзони при влез во Македонија

Повеќе од еден час патници од Грција, Македонија, Србија и други држави чекаат за да влезат во Македонија.



Проблемот според патници кои заглавиле на граничниот премин Евзони од грчка страна не е во голем метеж туку во тоа што не работат грчките гранични шалтери.

Од можните 6 шалтери само еден шалтер е означен со зелена боја односно дека работи но всушност ниту единствениот отворен не пропушта возачи и возила.

Патниците кои чекаат повеќе од еден час цитираат грчки полицајци и велат дека грчките гранични власти имаат проблем со електричната енергија на граничниот премин.

Денеска во Грција покрај ретко водениот снег имало и силен ветер поради кој најверојатно се случила хаварија со електричното напојување.

Зошто Грција нема обезбедено алтернативни извори на електрична енергија за напојување на граничниот систем за проток на патници немало одговор од грчките гранични служби.

Дополнителен проблем кој создава нервоза кај патниците е што поради лоша организација на граничниот премин се создаваат повеќе колони за влез иако сите возила се упатуваат кон еден шалтер.

Патниците кои јавуваат за застојот на границата со Грција велат дека виделе огромни метежи на границата со километарски колони но вакво нешто со само стотина возила да биде блокиран граничен премин на земја членка на ЕУ досега не виделе.

Посебен проблем за дел од патниците е што немаат гориво за да можат да чекаат со запалено возило.

Од македонска страна на граничниот премин Богородица нема проблеми.

Дополнување

Според последните информации по еден час застој околу 16 часот почнале да работата сите шалтери и застојот е намален.