Непосредно пред почетокот на неделниот натпревар на Александар Долгополов и Бразилецот Тијаго Монтеиро на турнирот Винстон Салем се случуваа невобичаени работи во обложувалниците. Долго пред него коефицентот за победа на Украинецот беше само 1.25, а за славје на Бразилецот дури 4, но, на десет минути пред почетокот, се се „преврте“, па триумф на Долгополов носеше 4, а на Монтеиро 1.25.
Сето ова, со текот на мечот во кој Монтеиро славеше лесно со 6-3 и 6-3, остави простор за шпекулации дека станува збор за наместен меч по кој веќе е отворена истрага. Колку Долгополов беше незаинтересиран во двобојот најдобро се гледа од почетничките грешки, од податокот дека немаше ниту една брејк шанса, што во последните две години му се случило само кога играл со Федерер, па и од фактот дека обложувалниците брзо го „тргнаа“ од понудата овој меч.
https://youtu.be/uQxpFzZkRcw




