Благојчо од Кочани го продава својот инвалиден скутер за да му помогне на Леонид

Благојчо Ѓоргиев од Кочани го продава својот скутер за хендикепирани, а парите ќе ги донира за лекување на младиот Леонид Индов. И покрај својот здравствен проблем се реши на овој чекор за да му помогне на Леонид кој веќе неколку недели е во Виена, но државата не одобрува пари за него.



Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук Ѓоргиев вели дека скутерот го добил како подарок од свој пријател од Белгија.

-Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари, слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, нему или на некој близок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам – вели Ѓоргиев.