Бизнисмените да ја продолжат битката за стандарди но во исто време да работат и со етика порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска ги додели признанијата ,,Македонски квалитет”.
Во својство на покровителка Сиљановска Давкова ги додели признанијата ,,Македонски квалитет” за 2024 година на традиционалната манифестација во организација на Сојузот на стопанските комори на Македонија.
Годинава, признанието за особени успеси и достигнувања во развојот на економијата, дома и во странство го добија:
🎖Македонски семејни винарии и Македонски дестилерии
🎖 Премиум Сејфти Солушн
🎖 Мај Принт
🎖 СЕРАФИМОВ ГРУП
🎖 Ларес увоз-извоз ДООЕЛ Кавадарци
🎖 Капитал ACEET Менаџмент
🎖 Елена Лука Груп
🎖 Балетско студио – Ребис
🎖 Глобал Нет
🎖 Сектор Филм
,,Им порачав да продолжат да го движат македонското стопанство, да се борат за највисоки стандарди и квалитет, но никогаш да не ја забораваат етиката, грижата за вработените и корпоративната одговорност.
За мене, силната и компетитивна економија е претпоставка за функционална држава, како и за развој на културата, уметноста, образованието, науката и спортот, таа е гаранција за општествениот просперитет”, порача Сиљановска во објава за јавноста.



















