Бизнисот алармира да се отворат стоковите резерви ако дојде до сериозно покачување на цените

Од денеска повеќе не важи кошничката со која беа опфатени дел од продуктите кои еден месец имаа акциска цена. Тоа не беше мерка донесена со одлука на влада, туку со даден збор од страна на бизнис заедницата. Сега , надлежните го следат пазарот и цените дали ќе има нагло покачување по завршувањето. Ако дојде до тоа ќе бидат принудени да воведат мерки од типот на замрзнување на цени и маржи.



Од Стопанската комора соопштуваат дека на вчерашниот состанок со претставниците од министерството за економија и труд од надлежните било побарано по завршување на новогодишната кошничка да нема поместување на цените во следните две недели. Од бизнисот посочиле дека ќе се преземе се без разлика што повеќе кошничката не е на сила цените да остана на она ниво како за време на кошничката, а потоа повторно ќе се разгледува состојбата, пренесе Телма.

Од бизнисот на состанокот предлoжиле и кога ќе се формираат новите кошнички за следните празници, да се одберат најприоритетните производи, односно да се намали бројот на продукти кои ќе бидат дел од кошничката, а да се зголемат попустите. Побарале и да не влегуваат берзански производи. Исто така, сугерираат – ако има драматични промени на пазарите наместо кошнички да се активираат стоковите резерви.