Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ доби нов тек, откако бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на компанијата „Дрим билдинг“, се откажа од кривичниот прогон против Бојан Јовановски-Боки 13, како и од оштетното побарување кое претходно го имаше.
Амзоски во своето сведочење изјави дека во проектот влегол поради довербата што ја имал во Фросина Ременски и во Александар Кирацовски, нагласувајќи дека според него, Јовановски не е виновен.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го застапува Јовановски, за порталот Скопје1 потврди дека неговиот клиент и Амзоски склучиле спогодба.





