Пратеникот од ДУИ Блерим Беџети денес во емисијата на ТВ 21 „Дејли клик“ изјави дека не гледа ништо опасно во идејата за усвојување на белгискиот, или ирскиот модел за поделба на * Македонија на региони.
ТВ 21 пишува: „Ова е многу демократски, многу благородно. Не само јас, туку, целата пратеничка група, целиот Европски фронт, е за тоа да се регулира ова прашање, за да можат и Албанците да бидат господари во својата куќа, како што предвидува Охридскиот договор.“ – посочи Беџети.
Тој вели дека со ангажман на меѓународни експерти ДУИ бара решение за прашањето на легитимитетот. „Божем е опасно да се бара да се заштити гласот на претставникот, поточно таму каде што се добива легитимитетот. Тоа е според сите демократски стандарди. Не нешто опасно да бараш ново уставно уредување.“ – нагласи пратеникот Блерим Беџети од ДУИ.





