Изет Меџити од коалицијата Вреди изјави пред неколку дена дека неговиот поранешен сопартиец од ДУИ Блерим Беџети ја оставил во кал и на половина пат поранешната „Огнена група“ од ДУИ. Коментирајќи ја во емисијата „Клик Плус“ оваа изјава на Меџити, Блерим Беџети посочи дека, всушност, Меџити ја оставил ДУИ во мочуриште, соработувајќи со поранешниот премиер Зоран Заев. Ова го објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: Според Беџети, соработката меѓу Меџити и Заев се случила при гласањето за доверба за Владата на Заев. Како што изјави Блерим Беџети, иако во „Огнената група“ имало заеднички став дека не треба да гласаат за Владата на Заев, Изет Меџити гласал, откако тоа го побарал Заев од него.
Лидерот на Демократското движење Изет Меџити дека ќе се произнесе за овие зборови на Блерим Беџети во следната емисија „Клик Плус“.





