Бејта: Таравари вработи 50 свои луѓе за само 100 дена

Поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта го обвини актуелниот Арбен Таравари дека ги малтретира вработените во општината што се блиски до него. Му порача дека провоцира за Бејта да се врати во политиката и да се пресметаат.



“Луѓето кои ми се блиски немаат столици за работа, немаат компјутери, немаат минимални работни услови. Отпуштени се 41 наставници, а на нивно место се вработуваат недипломирани милитанти. Таравари има вработено партиски 50 свои луѓе за само 100 дена”, вели Бејта.

Наведува дека четири години спроведувал проекти во корист на граѓаните, што тие ги користеле, а меѓу нив бил и Таравари со семејството, обвинува поранешниот градоначалник.