Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му подарил на рускиот претседател Владимир Путин рачно изработена постелнина на која била испечатена слика на која тие двајца се ракуваа.
Берлускони во саботата пристигна во Русија, за да биде гостин на прославата и да му даде специјален подарок на Путин, на неговиот 65 роденден.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање за реакцијата на Путин на подарок, рекол дека не знае ништо за реакцијата на претседателот на тој подарок.

Путин и Берлускони негуваат долгогодишно пријателство. Тие за прв пат се сретнаа на самитот на Г8 во Женева во 2001 година, и оттогаш се среќаваа многу пати на разни официјални настани, покажувајќи почит кон земјите од кои доаѓаат, но исто така и лично.





