По вчерашното апсење на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, опозицијата во Албанија побара оставка од премиерот Еди Рама нарекувајќи го „шеф на пирамидата на криминалот”.
На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), на градоначалникот на Тирана му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, која веќе два дена е во Рим, во отсуство и е одреден куќен притвор, пренесе Плусинфо
Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана.
Лидерот на опозициските демократи, Сали Бериша го искористи случајот и рече дека „пирамидата на криминалот се урива благодарение на опозицијата и народот”.
„Се потврдува дека се работи за криминална организација. Несомнено тоа што се случи е заслуга на граѓаните и на опозицијата. Еди Рама треба веднаш да поднесе оставка, поради тоа што е марионета на Сорос во Албанија и е шеф на криминалот во Албанија“, изјави Бериша.
Другите опозициски партии, освен барањето за итна оставка на Рама, меѓу другото потсетуваат дека со 46 протести пред општина Тирана барале апсење на Велиај.






