Бериша: ДУИ во опозиција се бави со пропаганда и измислици, копнеејќи да се врати на власт, иако не ги реализира своите проекти и ветувања!

„ДУИ не успеа политички. Таа е една од оние политички партии, кои дојдоа на власт, но не ги реализираа главните проекти и ветувања. Некои политички партии, како и луѓето, можат да останат трајно несозреани. Така и ДУИ и нејзините главни челници не созреваат ниту сега, бидејќи тагуваат, поради тоа што се во опозиција, а копнеат да бидат таму каде што беа повеќе од 20 години – на власт. Затоа, ДУИ и нејзините челници се занимаваат повеќе со пропаганда и измислување работи и настани, кои реално не се случуваат на политичката сцена, а не се занимаваат со обврската и примарната функција што ја имаат како опозиција. ДУИ и нејзините челници и сега напразно зборуваат.“ – вели Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Албанската редакција на Македонската радиотелевизија, во својата колумна со наслов „Старите албански политички партии во * Македонија никогаш не созреаја политички“.

Во колумната, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“, Бериша пишува: Во политиката вредноста на политичките партии и на политичарите се гледа и докажува кога се на власт. Затоа што истите луѓе кога се во опозиција, имаат само зборови и изрази на празни желби. Опозицијата има обврска и должност да ги контролира и да ги корегира постапките и однесувањата на властодршците, но кај нас опозицијата тоа го прави само со празни зборови, без работа и дела, реални и конкретни активности.

Испитот на својата зрелост политичарите и партиите го полагаат додека се наоѓаат на власт. Тие на оваа политичка позиција треба да бидат на нивото на своите обврски, дејствувања, на своите ангажмани и реални и конкретни активности. Сево ова политичарите мора да го прават компетентно и професионално, не смеат да се однесуваат во стилот „дојди на власт, па замини си“.

Партиите и политичарите додека се на власт мора да дејствуваат реално и конкретно, а не само да зборуваат. Но, некои од нив можеби воопшто не созреваат политички, дури и по многу долг престој на власт. Ниту ДУИ не успеа да созрее политички. ДУИ никогаш не го достигнаа својот степен на политичка зрелост. Кои беа причините за тоа? Одредени партии и политичари дадоа ветувања и гаранции дека ќе ги направат овие или оние работи, ако дојдат на власт.

Одговорот е дека сите овие партии не ја достигнале својата фаза на зрелост, поради несериозниот и неискрен пристап на нивните лидери кон политиката. И затоа што беа премалку ангажирани да ги исполнат ветувањата, политичките платформи, за кои ветија дека ќе ги реализираат, ако победат на избори и ако дојдат на власт. Така, ДУИ е една од оние политички партии, кои победија на избори и дојдоа на власт, но не ги реализираа главните проекти и ветувања, со кои ги добија потребните гласови за да станат дел од власта. ДУИ е дел од оние албански политички партии, кои не ја достигнаа најважната фаза, фазата на онаа на политичката зрелост, и покрај долгогодишниот ангажман во политиката.

ДУИ не успеа политички, бидејќи влезе како бебе во политиката и многу бргу се искачи на власта. ДУИ не беше никогаш во опозиција, туку уште и пред да се консолидира како партија стана дел од власта. Затоа остана несозреана партија. Некои политички партии, како и луѓето, можат да останат трајно несозреани. ДУИ и нејзините главни челници не созреваат ниту сега, бидејќи тагуваат, поради тоа што се во опозиција, а копнеат да бидат таму каде што беа повеќе од 20 години – на власт.

Затоа, ДУИ и нејзините челници се занимаваат повеќе со пропаганда и измислување работи и настани, кои реално не се случуваат на политичката сцена, а не се занимаваат со обврската и примарната функција што ја имаат како опозиција.