Берзата го живее својот „златен“ период, а за идната година се очекуваат уште подобри денови

Берзата го живее својот „златен“ период, а за идната година се очекуваат уште подобри денови. 



А за тоа колку инвеститорите загризаа во купување акции доволно говори огромниот промет на Берзата и големиот раст на цената на акциите. 

Се чини дека добрите финансиски резултати, дивидендната репутација и желбата слободните среддства да не се инвестираат само во банка, но и прегрупирањата што се случија и се случуваат во одредени фирми, си го сторија своето и направија акциите да бидат меѓу најбараната „стока“.

Берзата го објави својот билтен за ноември оваа година, а тој говори дека најголем промет во минатиот месец се свртел со акциите на Комерцијална банка и „Алкалоид“.

Или, со акциите на Комерцијална банка во ноември биле направени трансакции од дури 4,6 милиони евра, додека, пак, инвеститорите со акциите на „Алкалоид“ направиле промет од 3,8 милиони евра. 

И другите компании чии акции исто така се важат за „прометни“, веќе не влегуваат во рангот на милионери, според направениот промет во евра за еден месец.

Па така, со акциите на „Македонијатурист“, каде што ги имаше најголемите превирања, и каде штпо вцладееше вистинска акционерска борба за превласт, за ноември е направен промет од 985 илјади евра, или за малку па еден милион. 

Акцијата на НЛБ Банка, пак, која важи за една од најпрестижните за инвеститорите, направила промет од 600 милиони евра. 

Интересни се и акциите на нафтениот гигант „Макпетрол“, кои донеле на берзата промет од 374 милиони евра.

И потоа следуваат ТТК банка, со чии акции е направен промет од 147 милиони евра, а промет од 130 милиони евра е направен со акциите на градежниот гигант „Гранит“. Стопанска банка Скопје имала промет од безмалку 130 милиони евра, додека, пак, со акциите на Стопанска Битола остварениот промет бил 119 милиони евра. И со акциите на Македфонски телеком е остварен промет од 111 милиони евра, говорат берзанските податоци. 

Гледано генерално, во ноември во однос на еден месец претходно, берзанскиот промет пораснал за над 29 проценти

Извор: Фактор