Бербок: Путин глуми подготвеност за преговори

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, пристигна во посета на Киев каде најави обезбедување хуманитарна помош за Украина и испрати предупредување до САД да ја прифаќаат тактиката на Русија, јавува UNN.



Таа соопшти дека Германија ќе и додели на Украина дополнителни 130 милиони евра како хуманитарна помош.

Баербок изјави дека Соединетите Американски Држави не треба да ја прифатат сегашната тактика на Руската Федерација – одложување на времето за своја корист.

„Путин глуми подготвеност за преговори, но не се повлекува од своите цели ниту за милиметар. Не смееме да бидеме измамени од Путин и неговите послушници. На крајот на краиштата, навестување мир сè уште не е мир“, ги цитира зборовите на Бербок, прес-службата на германското Министерство за надворешни работи.