Јавноста е вознемирена откако на социјалните мрежи се споделува вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, пд голема висина.



Според организациите за заштита на животните, станува збор за бездомно куче кое влегло во зградата која е уште во изградба, па инвеститорот повикал пожарникари и со нивна помош, со стап кучето било истуркано на неоградената тераса и било присилено да скопкне од 7. кат, зошто немало како и каде да избега.

„Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало“ соопштија од МВР.

„Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот“, велат од МВР.