По престанувањето на ваѓноста на мерката „гарантирана цена“, донесена со цел да се заштитат граѓаните од поскапувањето на прехранбените производи, Владата од вчера ги остави граѓаните на „милост“ на трговците.



Одлуката е донесена пред да биде изгласан предлог-законот за заштита од нефер трговски практики кој е во собраниска процедура, а со кој Владата има намера да ги замени досегашните мерки.

Но, тоа им остави на трговците одврзани раце сами да одлучат дали ќе ги поскапат или не основните прехранбени производи, како во периодот пред септември 2023 година кога, како резултат на недостиг на законски мерки, цените забележаа големи зголемувања.