„Албанците во Косово, * Македонија, Црна Гора, Србија и насекаде во дијаспората остануваат во нашето внимание, заради зачувување и зајакнување на националниот идентитет и гарантирање на нивните права“. – истакна претседателот на Албанија Бајрам Бегај во својата реч пред дипломатскиот кор во Тирана, осврнувајќи се на албанскиот чинител и регионот. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во својата вест агенцијата дополнува: Зајакнувајќи го својот став за безусловна поддршка за Косово, претседателот Бегај упати повик за продлабочување на регионалната соработка преку гарантирање на заштитата на европската припадност и унапредување на евроатлантскиот курс од страна на Албанија и албанскиот чинител.





