Веста за купување на „Фени“ од бугарската „Енекод“ беше потврдена и од кабинетот на македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, но македонски банки ја уценувале бугарска компанија, банкари ja попречуваат зделката, а одредени медиуми ја рекетирале бугарската „Енекод” од нејзината желба да го спаси металуршкиот комбинат за производство на Фероникел „Фени“ од Кавадарци во кој работат 850 луѓе.
Рајчо Кацаров, извршен директор на „Енекод“, за БГНЕС (во помалку хаотичен напис) говори за сагата околу комбинатот во Кавадарци.
„Во 17.00 часот во петокот добивме мејл од банките, во кој ни поставија рок до 10 часот во понеделникот да платиме кеш 11 милиони евра и за останатиот износ до 37 милиони евра да обезбедиме банкарска гаранција од за нив прифатлива банка.
Во 9.00 часот во понеделникот им одговоривме дека нивното барање е малку нереално, бидејќи едвај има таква институција која може да им го исполни барањето за таков период. Одговорив дека ќе имаме потреба барем од една недела, за да организираме и да дадеме нова понуда на банките што би можела да биде прифатлива за нив. Немаше одговор на овој наш мејл.
Но, во понеделникот попладне, банките поднесоа барање за стечај до македонскиот суд. Во моментов ситуацијата е следнава: македонскиот суд назначи привремен управник, кој ќе управува компанијата заедно со нас до првото сослушување во македонски суд, што треба да се одржи на 13 ноември.
“Станува јасно дека зад случувањата со препродажбата на „Фени“”, има влијателни интереси: Испративме соопштение до македонските медиуми, но ниту една од нив не го објави’ дека е додаден нов елемент на „виткање раце“ – бугарската фирма да ги плати платите на работниците за септември вели Кацаров според кој „Ние прашавме: Океј, ќе им платиме, тоа е 750.000 евра. Но, имаме ли гаранција дека нашиот предлог ќе биде прифатен од банките или не? “, Праша Кацаров.
Другиот важен момент е дека и досега од „Енекод“ не го прекинале снабдувањето со електрична енергија на претпријатието, а никој не плаќа за тоа. Доколку се прекине доводот на електрична енергија и печките згаснат, тогаш ќе треба дополнителна инвестиција од околу 10 милиони евра повторно да се запали.
Кацаров вели дека не го разбира нелогичното однесување на банките – цело време мавтајќи со друга понуда, од друг инвеститор.
БГНЕС пишува дека зад наводниот швајцарски фонд кој сака да го купи „Фени“, стоел поранешниот извршен директор на компанијата, кој е Грк и против кого во моментов сопствениците на компанијата покренале обвиненија за проневера на околу 40 милиони .
„Не можам да разберам како друг инвеститор би можел да купи претпријатието под услов тоа веќе е продадено на нас?! Единствената опција за тоа е претпријатието од Кавадарци да оди под стечај, што трите банки го побараа во понеделникот попладне“.
Кацаров вели дека синдикатите во „Фени“и работниците го поддржуваат бугарскиот предлогно, но ако судот во Македонија го прифати барањето за стечај, договорот за купопродажба станува невалиден.(крај)




