Македонски банки ја уценувале бугарска компанија, македонски банкари ja попречувале зделката, а одредени медиуми ја рекетирале бугарската „Енекод” поради нејзината желба да го спаси металуршкиот комбинат за производство на Фероникел „Фени“ од Кавадарци во кој работат 850 луѓе.
Во помалку хаотичен напис, БГНЕС оценува дека откако пред десет дена беше потпишан договор за купување на „Фени“, три банки – Комерцијална банка АД, Стопанска банка и Силки роуд банка – почнаа организиран напад за блокирање на договорот и за таа цел се користи и судот. Во исто време во медиумите излегуваат написи со неименувани извори, кои ја обвинуваат бугарската компанија за неисполнување на обврските, што не одговара на вистината, пишува репортер БГНЕС .
Веста за купување на „Фени“ од бугарската „Енекод“ беше потврдена и од кабинетот на македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Во време на „лажни вести“ секогаш треба да се праша и другата страна, пишува БГНЕС и побара мислење и на бугарската фирма.
Рајчо Кацаров, извршен директор на „Енекод“, вели дека работата со „Фени“ започна во август 2017 година, дека до средината на септември оваа бугарска компанија била снабдувач со електрична енергија на „Фени“, дека до средината на септември, се плаќало за количините на електрична енергија, дека „како еден вид кредитор – отидовме во Скопје да побараме од раководството на компанијата одговор, зошто се прекинати исплатите.И како предвидуваат да се раздолжат. Во исто време во Скопје беа сопствениците на компанијата и ни кажаа дека компанијата ќе се продаде за 1 долари поради долговите – 37 милиони евра кон банките, а можеби и околу уште 20 милиони за други добавувачи, вклучувајќи не и нас“
Како што пренесува БГНЕС, од „Енекод “ наводно разговарале со другите сопственици на“ Фени“ за проблемот и решиле да пробаат да ја преземат македонската компанија и да ја развијат.
“Никогаш не сме имале нешто друго на ум, како што тврдат медиумите во Македонија – бидејќи веруваме дека оваа компанија може да прави добри пари и, реално гледано, се согласија да ни ја продадат”, рече Кацаров. Потоа следеа разговори со главните кредитори на “Фени” – трите банки (Комерцијална банка АД, Стопанска банка и Силки роуд банка).
Бугарската фирма наводно дала понуда која вклучува и средства инвестирани од бугарска страна „во обртен капитал за да може компанијата да работи и да ги сервисира долговите. Но, од банките ни рекоа дека нашиот предлог е неприфатливои дека банките имаат подобра понуда од друг купувач на компанијата”.
Кацаров, според БГНЕС вели дека биле шокирани: „откако ја купивме компанијата и веќе потпишавме договор, не гледам како банките можат да имаат купувач ?! Ние сме сопственик со договор и веќе сме во новото управување со компанијата. Но, банките рекоа во чист текст дека имаат предлог од друг потенцијален купувач “.
Неофицијално, репортерот на БГНЕС дошол до информации дека станува збор за швајцарски фонд, зад кој стои грчки капитал. (продолжува)