Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот претходник Доналд Трамп повторно се кандидира за претседател само за да се „одмазди“, објави АП.



„Луѓе, Трамп не се кандидира да ја води Америка, тој се кандидира за одмазда“, предупреди Џо Бајден за време на настан во Атланта.

Тој истакнана тоа дека Американците „не можат да дозволат овој човек да стане претседател“.

Претходно Трамп увери дека може да победи на изборите со „убедлива победа“ бидејќи Бајден ја „уништува“ земјата и луѓето „повеќе не го сакаат овој човек“.