Бајден: САД ќе продолжат да испорачуваат оружје на Украина

 

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден рече дека побарал од американското Министерство за одбрана да продолжи со големите испораки на оружје за Украина, јавува Ројтерс.



Најавата доаѓа откако го осуди вчерашниот руски напад на Божи врз некои од градовите во Украина и нејзиниот енергетски систем.

„Целта на нападот беше да се прекине пристапот на Украинците до топлина и електрична енергија во текот на зимата и да се загрози безбедноста на нивната мрежа“, рече Бајден во соопштението.

Вчера Русија го нападна енергетскиот систем на Украина и некои градови со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, објави Украина.

Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Вашингтон одвои 175 милијарди долари помош за Украина.