Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг да издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант ја оцени како „шокантна“, пренесе Еуроњуз
Во потерниците се вели дека има „разумни основи“ да се верува дека Нетанјаху и Галант извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото со ограничување на хуманитарната помош и гаѓање цивили за време на израелската воена кампања во Појасот Газа.
Налозите за апсење за двајцата беа издадени заедно со една за командантот на Хамас Мохамед Деиф за злосторства против човештвото, вклучително и убиство и тортура, за време на нападот на Хамас на 7 октомври.
Бајден рече дека „нема еквивалент – ниту еден – меѓу Израел и Хамас“ и го осуди судот за споредување на израелските политичари со Деиф.
„Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност“, додаде американскиот лидер.
Нетанјаху е прв лидер на голем западен сојузник кој обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на светскиот суд на правдата.






