Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде што партијата ќе ја поддржи неговата кандидатка Камала Харис како демократска кандидатка за претседателските избори во ноември.
Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште четири години.
Ноческа тој одржа говор на конвенцијата на Демократите, а откако публиката го поздрави со овации, Бајден пушти солза.
Тој рече дека не им замера на демократите кои бараа тој да се откаже од претседателската трка во 2024 година и ја повтори својата поддршка за Камала Харис.
„Сите тие приказни за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“.
„Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.
President Biden is wiping away tears even before his speech pic.twitter.com/g0OAOpaOtq
— Aaron Rupar (@atrupar) August 20, 2024






