Американскиот претседател Џо Бајден вечерва му додели Претседателскиот медал на слободата на Хозе Андрес, кој се појавува на фотографиите со потенцијалниот атентатор на Трамп, објави американскиот новинар Бени Џонсон кој во декември имаше над 3 милијарди прегледи на Јутјуб.
Добитникот на медалот е познат кулинар кој соработувал со Трамп а подоцна го тужел на суд.
Андрес освен што го тужел Трамп и водел пропаганда кампања против него се појавува на слики со човекот кој во септември минатата година со часови го чекал Трамп да заврши со играње Голф за да го убие.
На сликата која ја објавува Џонсон се гледа Андрес како се фотографира со Рамен Весли Рут, 58-годишник од Хаваи, кој чекал 12 часа зад оградата на теренот за голф на Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.
Тој имал спакувано вреќа со храна, камера, полуавтоматска пушка а беше фатен од Агент на тајната служба кој го забележал пиштолот на Рут и отворил оган пред тој да се обиде да пука во поранешниот и иден претседател на САД.
Зошто Бајден би дал претседелски медал на човек кој се тужел со Трамп и се сликал со неговиот моќен убиец засега е мистерија.
Покрај Андрес медали од Бајден добија и Хилари Клинтон и Џорџ Сорос.
Новинарот Бени Џонсон која ја објавува оваа вест е американски конзервативен политички коментатор и Јутјубер кој соработувал со неколку конзервативни и десничарски медиуми како што се Breitbart News, TheBlaze, National Review и The Daily Caller.






