Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на КОВИД-19.
Дијагнозата тешко дека би можела да дојде во полош момент за Бајден, пишува Politico.
Ова се заканува да ја продлабочи внатрепартискиот отпор кон неговата реизборна кампања.
Дијагнозата сигурно ќе ја зголеми загриженоста за возраста, здравјето и издржливоста на Бајден.
„Тајмингот за ова не може да биде полош. Тоа ги потсетува сите колку години има Џо Бајден“, рече демократ запознаен со внатрешните дискусии во Белата куќа.
Паралелно со објавувањето на дијагнозата, ABC News објави дека лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер во приватен разговор му рекол на Бајден дека би било добра идеја тој да се пензионира.
Бајден ја паузираше кампањата додека не закрепне од короната.
Соочен со постојани критики од некои претставници и донатори, Бајден беше упорен во својата одлука да биде кандидат во претседателската пратеничка група.
Така, во интервју минатата недела, тој изјави дека само „Семоќниот Господ“ може да го натера да се премисли.
81-годишниот Бајден се разболе по втор пат во три недели, што дополнително го заострува контрастот на кој е фокусирана кампањата на Трамп.
Соработниците на Трамп нагласуваат дека тој го преживеал обидот за атентат и веднаш станал и почнал да скандира.
Кампањата на Трамп сака да го прикаже Трамп како пример за физичка сила, наспроти остарениот, тивок и вкочанет Бајден.
Повеќе од десетина демократи во Конгресот веќе излегоа во јавноста со повици Бајден да се откаже од трката, а многу повеќе изразија резерви за неговата способност да го победи Трамп.
Некои од тој табор успеаја да го убедат Демократскиот национален комитет малку да го одложи состанокот на кој треба да се одреди датумот за прогласување на Бајден за кандидат на партијата.






