Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон ги повика членовите на администрацијата да го принудат Бајден да поднесе оставка.



„Њујорк тајмс“: Бајден да се повлече од претседателската трка

Републиканецот Мајк Џонсон им предложи на демократите да го активираат 25-тиот амандман на Уставот, што ќе му овозможи на актуелниот претседател да се прогласи за неспособен.

„Нашите противници гледаат слабост во Белата куќа, како и сите ние. Тоа го кажувам без задоволство. Мислам дека ситуацијата е многу опасна“, рече Џонсон.

Тој истакна дека ја разбира паниката во редовите на демократите, но се работи за целата земја, чиј претседател очигледно не може да си ја врши работата – и затоа министрите и потпретседателот мора да дејствуваат.

Овој амандман на Уставот на САД е на сила од 1967 година.

Тој му дава право на потпретседателот и на мнозинството членови на владата да го прогласат претседателот за неспособен.

Нивната одлука мора да биде ставена на гласање од Конгресот – и таа стапува на сила доколку биде поддржана со 2/3 гласови во двата дома.

Таков случај никогаш не била постигната во историјата на САД.