Целиот спортски свет зборува за преминот на Нејмар од Барселона во ПСЖ вреден 222 милиони евра. На Камп Ноу се уште молчат, а тренерот Ернесто Валверде вели дека тој смета на Бразилецот, до моментот кога евентуално би му било соопштено нешто друго.
А ако се се оствари, Барселона веднаш би можела да потроши повеќе од две третини од парите и тоа на Фелипе Кутињо и Паоло Дибала. Ливерпул ја одби првичната понуда од Каталонците, но на следната од 80 милиони веројатно ќе попушти.



Ситуацијата со Дибала е посложена зошто Јувентус нема намера по ниедна цена да го продаде, но одново се е предмет на разговор особено што Барса ќе има кеш, а и ќе сака по секоја основа да се засилува со екстра напаѓач каков што е Аргентинецот.