Бараат да се укине празникот 23 Октомври

Денешното празнување на 23 Октомври – Денот на револуционерната борба да биде последно, предлага Либерална партија.



Денес, доживувајќи ја атмосферата која владее во земјата, предлагаме 23 октомври за последен пат да има статус на државен празник. За тоа има многу причини, од кои секоја поединечно може да биде доволна за оваа одлука, пренесува НОВА Тв, дел од соопштението на ЛП.

„Но, најважна е причината што го тераме народот да празнува празник на политичка партија која нагло ги губи своите приврзаници, а многу од нив остануваат дури и посрамотени од неа“, се вели во соопштението на оваа партија.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

Ова година не беше доделена државната награда „23 Октомври“.

Одлуката беше донесена на владина седница по предлог на Министерството за култура поради тоа што на комисијата за доделување на оваа награда мандатот и завршил во февруари годинава.