,,Бандити, циркус, нечесна манипулација”, СДСМ демонтирана од свој екс висок функционер

Поранешниот заменик министер за култура а потоа во 2017 специјален советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски прави вувисекција на својата партија СДСМ во која забележува дека некогаш државотворната партија е претворена во циркус.



Во колумна за Плусинфо Златко Теодосиевски зборува и за пропагандата на СДСМ.

,,Како и да е, и актуелниов „сдсм циркус“ е типична нивна пропаганда, најшарена од сите можни и познати, којашто веќе осма година „се вози“ на извртената теза дека власта, оваа „прогресивна“ власт, е тука само за украс и инкасирање онолкави плати, а некој друг, особено опозицијата, треба да ги сработи сите други државни работи. Особено оние коишто слепциве им ги беа ветиле на избирачите во онаа 2016 година, и понатаму.

Овие стрип-ликови сакаат да ве уверат дека сиве години на власт е опозицијата, особено она ДПМНЕ, и токму тие морале да донесат напредок, позитивни промени, реформи, можеби и членство во ЕУ…! Тие се всушност главната причина за сите катастрофи во државава, а не фамозниве „прогресивни“ наследници-барокољубци и нивната „интелектуална“ клиентела.

И згора на сѐ, ниту претседателската кандидатка на ДПМНЕ не им се допаѓа бидејќи, ете, таа не би можела да донесе никакви позитивни промени иако е професор по Уставно право, ама оној нивнион, „неконтролиран“ (како што самиот се декларира!), со петгодишен рејтинг не повисок од 4% – може? Се разбира, кога „прогресивниве“ политиканти би имале малку срам и малку повеќе политички и човечки морал, би се сетиле дека токму потписот на неговото пенкало ни смести редица анахрони, ретроградни и авторитарни закони, смислени во најтемните катчиња на властелинските штабови и нивната приглупа клиентела.

Затоа и не е на одмет одвреме-навреме да си ги препрочитуваат ветувањата што ги давале на избирачкото тело, особено оние од 2016 година, и подоцна. На пример, нивниот веќе историски „План за живот“ којшто, за медиумските политики, ветуваше „цел пакет реформи на медиумската сфера“, „клучни мерки за итни демократски реформи на групата невладини организации изнесени на конференцијата ’Blueprint for Urgent Democratic Reforms’“, прекинување на „трошењето на средства од буџетот на државата, општините и јавните претпријатија за реклами во медиумите“, „јавноста нема веќе да биде труена ниту со владина, ниту со политичка пропаганда“ итн., итн.

И сето тоа збришано во миг со потписот на „неконтролибилниот“ ни и „недиригиран“ „претседател“, а избришано и од политикантската меморија на „прогресивциве“. Се разбира, пропагандата нема меморија, ама забораваат дека луѓето – имаат!

Затоа, нивната манипулативна мултиколористичка пропаганда насочена кон дисторзија на реалноста и/или меморијата на избирачкото тело е само уште еден безобразен обид во низата да се заведе јавното мислење, да се оцрни опозицијата и сите кои мислат поинаку. И сето тоа дополнително ќе се вжештува со секој нов ден до изборите. А меморијата уште посилно ќе се брише, ќе се полира новата реалност, „херојскиве“ години на манипулативното менување на името на државата, на бугарскине „протоколи“ што не постојат, нели, на фантастичната „француска рамка“ итн. Останува уште да видиме како ќе го депласираат државниот криминал и корупција, какво ново име ќе му дадат…

Но, всушност, сите овие нивни осум години се пример на нечесна манипулација и социјално влијание помогнато од нивните орди „интелектуални“ клиенти, на сметка на граѓанинот, опозициските политички партии и, секако, вистината! Ќе гледаме и нови ликови во таа игра на надмудрување на паметењето на граѓаните, нови сурии простаци кои ќе сакаат да откинат делче од азното барем на крајот од мандатот на бандитиве.

Целата колумна на Плусинфо