Балансерот ќе се укине, ќе има ревизија во министерството за јавна администрација

Балансерот заминува во историјата. Неговото укинување го најави минстерот за јавна администрација Горан Минчев. Одлуката доаѓа зашто се докажало дека во минатато дигиталната алатка била предмет на злоупотреба во повеќе институции, односно луѓе кои припаѓаат на една етничка заедница биле запишувани како припадници на друга.



Конкретно во новото министерство за јавна администрација кое презеде дел од вработените од претходното Министеството за информатичко општество и јавна администрација имало дури 43 отсто од етнички заедници, и тоа е предмет на ревизија.

Укажувам дека сите добри решенија кои веќе се дел од законите ќе останат, но сметам дека е потребно уште еднаш низ еден транспарентен и консултативен процес да донесеме одржливи закони. Закони кои нема да бидат само „шминка и декор“ туку ќе бидат системски и прилагодени за да одговорат на новите предизвици и можности за да имаме професионална, департизирана и мотивирана јавна администрација, секако почитувајќи ги стандардите и принципите на СИГМА, рече Минчев во обраќањето до медиумите.

Министерот Минчев кажа дека преку новото Министерство ќе бидат повлечени и три закони од таканаречениот пакет за реформи во јавната администрација кои се веќе во Собрание на предлог на претходната Влада.

Мининистерството ги повлекува на доработка законот за административни службеници, законот за вработени во јавниот сектор и законот за стругчно усовршување и обука на административни службеници кои преку широка дебата  со сите засегнати страни ќе бидат унапредени за да бидат во корист на сите па ќе се вратат во Собранието. Токму овие законски решенија во минатото беа причина синдикатите и да излезат на протести затоа што ако се донесат во оваа форма ќе се спречи усогласување на платите со раст на минималецот.

Извор: https://alfa.mk/balanserot-definitivno-zaminuva-vo-istorijata-noviot-minister-za-administraczija-najavuva-i-drugi-reformi/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=balanserot-definitivno-zaminuva-vo-istorijata-noviot-minister-za-administraczija-najavuva-i-drugi-reformi