Промената на власта во Скопје ја подобри климата во билатералните односи. Грција презентираше реален предлог за прашањето за името во 2007 година, а новата влада на ФИРОМ треба да докаже дека има политичка волја.
„Доколку Скопје прифати сложено име за секоја (внатрешна и надворешна) употреба, тоа ќе го отвори патот за влез во ЕУ и во НАТО“, рече актуелната пратеничка на Неа демократија и поранешна министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, говорејќи на 17-тиот Економски самит во Белград што го организира српската влада, со гости од Европа и Балкан.
Бакојани истакна дека „Европа нема простор за губење во балканскиот регион… Целиот регион мора да стане дел од Европа и мора да се смета за интегрален дел од Европа како дел од неделливот безбедносен простор.
Говоројќи заа безбедноста, таа истакна дека „заштитата на границата е исто така друга област во која можеме да работиме заедно, како и околу на континуираната миграција така бегалските бранови, а ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници од секој можен безбедносен ризик.




