Кина ќе стане следната светска суперсила, преземајќи го приматот од САД, а на планетата Венера ќе биде откриена „нова форма на енергија“, се двете предвидувања на Баба Ванѓа за 2018 година, пишува британскиот таблоид „Сан“.
Претставувајќи им ја на своите читатели слепата јасновитка родена во македонскиот град Струмица како Вангелија Пандева Димитрова и која почина во бугарскиот град Петрич во 1996 година на 85-годишна возраст, „Сан“ подетално се занимава со двете нејзини предвидувања.
Кинеската економија постојано расте во последните неколку години. Во 1971 година земјата учествуваше само со 4,1 проценти во светската економија, за уделот да порасне до 15,6 отсто во 2015 година и продолжува да расте. Таа сè уште не ги престигнала САД, но би можела наскоро. Во 2015 година САД придонесуваат со 16,7 проценти во светската економија, но до 2025 година се очекува тоа учество да се намали на 14,9 отсто, според „Форбс“.
Што се однесува до Венера, во моментов нема планови за испраќање веселенска мисија таму. Сепак, соларната сонда „Паркер“, именувана по астрофизичарот Јуџин Паркер, треба да биде лансирана во јули 2018 година и треба да ја истражува надворешната обвивка на Сонцето. Иако нема да слета на Венера, таа ќе ја користи гравитациската сила на планетата за да помине околу Сонцето.
„Сан“ напомнува дека „Нострадамус од Балканот“ имаше многу предвидувања:
- 44. претседател на САД ќе биде црнец (Ванѓа точно ја предвиде инаугурацијата на Барак Обама во претседател на САД во 2008 година)
- Европа ќе престане да постои (Според Ванѓа, континентот ќе престане да постои до 2016 година и сè што ќе остане ќе бидат празни простори и пустелии, речиси лишени од каква и да е форма на живот. Велат дека рекла оти екстремисти ќе употребат хемиско оружје против Европа)
- Муслимани ќе извршат инвазија на Европа (Слепата јасновитка предвиде дека муслимани ќе ја нападнат Европа и ќе има раширена деструкција од екстремисти, која ќе трае многу години, сè додека континентот престане да постои. Таа исто така предвиде дека Голема муслиманска војна ќе почне во Сирија)
- Кина ќе стане нова суперсила (Таа вели дека Кина ќе стане новата суперсила во 2018 година, ставајќи им крај на САД и на нивната економија. Според неа, експлоататорите (развиените нации) ќе станат експлоатирани (трет свет))
- За Венера (Луѓе ќе патуваат до Венера, според неа, во потрага по нови извори на енергија. Тие би можеле дури и да создадат колонија таму)
- Смртта на Земјата (До 3797 година сè на Земјата ќе престане да постои. Меѓутоа, луѓето доволно ќе напреднат за да се преселат во нов ѕвезведн систем).
Погодувајќи ги подемот на Исламска држава, падот на кулите близначки, цунамито во 2014 година и глобалното затоплување, Баба Ванѓа пред да почине од рак ќе рече дека нејзината дарба да предвидува настани и појави ќе премине врз десетгодишно девојче што живее во Франција, кое ќе продолжи по нејзините стапки.




