„Албанците од Македонија ќе постигнат победа најголема во историјата на независноста на оваа држава. Нашата цел, како Албанци, останува иста и сега по 22 години: во 2001 година се обединија во цел фронт, за да го променат и за да го унапредат политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Продолжуваме со остварувањето на оваа цел во оваа држава, која е сега и наша, а кираџии во неа и не ни сакаме.“ – кажа вчера во Тетово лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата реч при потпишувањето на договорот за создавање на така наречениот „Европски фронт“. „Потсетувајќи“ на „политичката, дипломатската и воената победа“, која ја „остварија“ Албанците во 2001 година, Ахмети ја постави претстојната предизборна, но и послеизборна активност на „Европскиот фронт“ во еден меѓуетнички контекст со силно нагласување на „целите“ на албанската национална кауза и на албанскиот народ.
Во својата реч, која ја пренесе целосно информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, покрај другото, вчера во Тетово Ахмети кажа: „Нашата цел, како Албанци, останува свежа и неопходна и сега по 22 години: во 2001 година луѓето на оваа цел Арбен Џафери, Имер Имери, Абдурахман Алити, кои се обединија во цел фронт, за да го променат и за да го унапредат политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Никогаш не се напушти курсот во остварувањето на оваа цел, курс и кон обединување и соработка. Еве го тој момент се случува и сега, ние сме овде незапирливи и од таа цел не отстапуваме. Околу Европскиот фронт денес се обединети и други заедници, како што се Турците и Ромите.“
„Јас вооопшто не се сомневам во тоа дека Албанците од Македонија ќе постигнат победа најголема во историјата на независноста на оваа држава. Овој Европски фронт ќе биде непобедлив во остварувањето на своите цели се до зачленувањето во ЕУ. Треба да му се придружат и нашите македонски сограѓани.“
„Ние навистина сакаме да бидеме самостојни и да ја преземеме оддговорноста дека сме ја прифатиле оваа држава, но и не само дека сме ја прифатиле, туку е таа држава и наша, затоа и не ни сакаме кираџии во нашата куќа. Ние водевме војна и во војната победивме политички, дипломатски и воено. Ќе победиме и во историската мисија за зачленување на нашата земја и во Европската Унија. Албанците се заедно и овде е силата на мобилизирањето и на организирањето. Да живее нашиот албански народ!“





