Тоа што скандирал и извикувал „УЧК, УЧК“ на митингот на „Европскиот фронт“ и кандидатот Бујар Османи во Скопје пред една недела според лидерот на ДУИ, Али Ахмети , не треба да предизвикува огорченост кај никого.
„Да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав „УЧК“, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од синоќешниот митинг во Дебар.
„Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав УЧК. УЧК е албанска гордост и ја спаси Македонија“, порача Ахмети од Дебар.






