„Потребни се два историски процеса во регионот: регионален договор на сите соседи – Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово – за незагрозување на територијалниот интегритет на Македонија, како и албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија!“ – нагласи лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со норвешкиот амбасадор во Хрватска Арне Бјорнстад во Загреб. Ова го објави ТВ Клан Македонија.
Телевизијата пишува: Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во Загреб се сретна со амбасадорот на Норвешка во Хрватска Арне Бјорнстад. Тие разговараа за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на * Македонија, за Охридскиот договор и владеењето на правото. Ахмети го информирал норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во * Македонија, волјата на албанските граѓани не била почитувана од мандатарот.
„Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги уредува односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност. Затоа, албанскиот јазик не треба да се гиба со политичкиот диктат на владата без легитимитет.“ – рекол лидерот на ДУИ на оваа средба со норвешкиот амбасадор Бјорнстад, на која искажал и вознемиреност и поради оддалечувањето од европската перспектива и создавањето напнатост во односите со соседите.
Ахмети нагласи дека се потребни два истириски процеса во регионот. „Првиот е историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, а вториот регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, да не го нарушуваат територијалниот интегритет на Северна Македонија.“ – рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на оваа средба со норвешкиот дипломат во Загреб, во Хрватска.





