„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа“ изјави денеска техничкиот премиер Талат Џафери на прашање околу можноста на лидерот на ДУИ да биде кандидат за шеф на државата.
„Нема потреба тој да покажува кој е, и колку е, после 50 години свој придонес за оваа држава и за граѓаните во оваа држава“, рече Џафери.
„Не мислам дека му е приоритет такмичењето по однос на било која функција, да сакал функција можел да ја има било која функција во овие 22 години“ додаде Џафери.






