Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена не негираше дека би можел да биде кандидат на ДУИ за претседател на државата,а синоќа изјави дека ова прашање не е покренато во партиските тела, но дека по разговорите ќе се дејствува…
Според него, сите опции остануваат отворени. Но, едно, според изјавата на лидерот на интегративците, останува јасно – ДУИ ќе има кандидат за претседател, јавува ТВ Клан.
„Сега …треба да изградиме стратегија, треба да создадеме терен за следните чекори. Дали ДУИ ќе произведе кандидат за претседател? Се разбира, дури и Демократската унија за интеграција, додека не се исполитизира кандидатурата за претседател, ќе има свој кандидат“, изјави Али Ахмети.
Шефот на ДУИ ова го изјави на свелченоста по повод независноста на Косово, организирана под покровителство на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во Албанскиот театар во Скопје.




