„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска ја одбележа ‘Пролетта на достоинството’, првите истрели на Ослободителната национална армија – УЧК во 2001 година. Со објава на фејсбук Ахмети ги повика Албанците дека, како што беа обединети во 2001 година на Шар Планина, така мора да бидат обединети и денес, кога се соочуваат со загрозување на правата, кои ги освоија со крв и жртва.“ – објави локалниот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“. Инаку, ова претставуваше „одбележување на првите истрели на УЧК на 14 март 2001 година“, кои одекнаа во Тетово и од Калето над Тетово.
Порталот ја пренесуа објавата на Ахмети на општествената мрежа, во која тој наведува: „Секој март се сеќаваме на пролетта на достоинството, на почетокот на борбите на 112-та бригада ‘Мујдин Алиу’ во Полошкиот и Шарскиот планински регион. Тој ден во март се огласивме со силниот повик до народот за слобода, кога одекнаа истрелите-гласници на слободата на националното достоинство од страна на УЧК. Секоја година Калето во Селце не собира заедно со семејствата на мачениците, воените ветерани и инвалиди, за да размислиме размислуваме за нашата национална кауза, за да ги чествуваме на нивните почивалишта сите оние синови и ќерки, чија крв ги навадува корените на вечноста на нацијата, со цел да се одбележи нивниот аманет за одбрана на националните идеали.„





